We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

У​м​р​е т​и​, се р​о​д​и​в ј​а​с

by Stoj, Posle!

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.
    Purchasable with gift card

      name your price

     

1.
2.
мозочни клетки како песочни зрна во песочен часовник земи песок полеј ми
3.
сложен како сложувалка се редиш од место на место се преклопуваш и вклопуваш ветрот ги рони твоите карпи растресити
4.
Песок 02:42
чаша полна како бездна полна солзи нечии други нема мисла има смисла тој знае зошто дождот паѓа мокар сум жива вода бранови како дини што движат калеидоскоп од мртви синила дај ми една шака песок на моите очи да си полеам и можеби месечината ќе ме поштеди кога денот ќе дојде мокар сум жива вода лоши мисли следат
5.
в'соба сум заклучен облаците ме гледаат од прозорот како некоја емисија со евтино сценарио но најверна публика е ѕидот спроти мојот го делиме истиот избор не-избор во еден длабок сон го кревам јажето за завесите да се спуштат го врзувам во силен чвор
6.
Драг 05:21
другар каде си одамна не се чул твојот глас во овој сив град другар каде си одамна замина по својот пат од твојот мил град другар знаеш ли одамна јас се чувствувам сам заборавив што знам но не заборавам што значи љубов в'тивка ноќ милозвучна песна
7.
сами постојат види посакај стој после чекај бе малку, каде одиш? си велам, стој после ти велам, стој после не оставај ништо за денес што можеш утре
8.
ме топли развигор ми ги гали моите образи додека лежам под дрво на тепих од лалиња замоци засенуваат патишта камени каде е мојата следна борба? ме лазат бубачки, ми се гади од овој бодликав свет сакам да си легнам повторно во мојта чиста постела свилена како облак на сон ме води во светови кај што сѐ сум освен сам ми дојде еден човек во мантил кафен како стебло старо излуштен ми вели јас го чувам ова Дрво фати си го патот под нозе, ми звучеше смешно, граматички чудак, но сепак станав и тргнав по својот пат каде да одам? светов ми е отворен ќе одам некаде далеку, кога ќе сум одморен
9.
како дете имав многу играчки лего и трансформери секакви бионикли и бен тен фигурки си играв кај ќе стигнам, дал кревет дал земја правејќи звуци глумејќи ги сите различни ликови памтам за на одмор секогаш беше тешко да одберам кои играчки да ги земам со мене привилегија на избор, убиец на почит среќа испаднав океј секој пат на автопат како една колективна магла, заматена дамка од дрва и планини дел од играчките ги гушкам, дел се во ранец изгледа не е среќа туку добро влијание морето ги прави своите примордијални звуци се движи во темпо вечно и променливо и седиме на дрвената клупа, го гледаме Рататуи сѐ е во ред, имаме среќа заедно
10.
е.н.з. 03:01
диши во темпо лежи латентно мисли паралелно посакувај желно жешти телесно отвори усни искажи бесно прими го дневното светло варди го во твоите очни капаци
11.
дај ми сила ти го боиш мојто небо ти го боиш мојто сонце ти ги плетеш моите облаци ти ги посла моите полјани јас ги берам твоите плодови јас сум нешто по случајност сум ти исто перо различна рака подај ми ја твојта дланка да заминеме заедно во дневното светло дај ми сила
12.
се најдов пак в’треви високи шетајќи низ дрворедот позади мојата куќа сонцето пече на мојата наросена глава гола, ладна, тешка за носење ветрот прави звук минувајќи низ неа како да е некој шуплив предмет на неразмислување без премислување чув еден глас од тревите високи пискав како мали иглички да ја боцкаат мојата кожа ми рече “кај одиш ваков несмасен и гласен?” а баш помислив дека сум тивок му реков “ти го попречив ли сонот, кај и да си па зар не знаеш дека е 3 саат попладне?” ми рече “времето е концепт за големите луѓе со нивните крути и несмасни идеи” и продолжив понатаму го прескокнав џуџето смеејќи се како дете иако го мразат тоа во моментот не ми беше баш гајле тревите постепено стануваа повисоки набрзо ми стигнаа до моите раменици почнаа да го голицкаат темето на мојта глава, да ме плеткаат со нивните лепливи површини поради некоја причина почнав да трчам како да бегам од нешто невидливо нешто што постои само в’мојта периферија нешто просто и неминливо се изморив и сакав да јадам па ми текна да ја побарам големата јаболкница, кога го видов дрвото беше превисоко убавите јаболка не беа на дофат почнав да се враќам назад но се изморив, па си легнав на тревата сега таа беше два пати повисока од мене западнав во длабок сон и спиев многу долго до следното попладне се додека не ме разбуди некој голем несмасен човек гласен, со крути и несмасни идеи
13.
Sид 03:59
кај мене на ѕидот пишува на ракопис кој не е мој не се разбира баш што се вели можеби е ракописот твој? нешто како "не си кул" и "компромис" "треба да се адаптираш, што мислиш?" "не те бива не прибирај испиј ајде две три пива само тоа знаеш да го направиш" имам мастило на моите дланки на малиот и на прстот до него, повторно изгубен, цели панталони мокри вчера ми подарија ново пенкало
14.
15.
ти ме оглуви со твојте репететивни звуци ти ме ослепи со твојте многубојни слики изгубен што ќе правам јас без тебе ти беше мојто тло кај што ги садев мојте плодови често беа расипани али имаше и некои сочни многу црви кај ќе одат тие сега?
16.
јас и ти сме на еден чамец пловејќи низ мозочни заливи пази да не удриш во камен ти го слушам твојот глас како вели и кога не паметам кој беше твојот облик само гледам со носот вперен надолу кон морето убав сончев ден, насмевка желна за ништо повеќе освен мене присутен оправдано, посакано но сепак ми вели "престани, те сакам се повредуваш ден за ден, денгубам ден губам, се губам ден губам, сѐ губам"
17.
Патки 03:38
сега си среќен како не ти е срам се смееш со патките кои ловат за тебе мали мушички, бубачки и лисја да би можел би сопрел сѐ и би вриснал радосен за себе како не ми е срам сите ми се смејат а јас не сум к’не да би можел би сопрел сѐ би сопрел сѐ и би вриснал слабо врискам знам никогаш не сум бил добар, во викање патките ми се смејат заедно со чавките сакам да мислам дека се смееме заедно мали бродчиња од хартија се престоруваат во листови
18.
Ку(к)ќи 04:50
дали водиш танц со два ил три фантоми на искушение одеднаш со двајцата или еден по еден ги стегаш за половината стапнуваш во нивните замки тркалото се врти со ‘рѓосани ланци мојата борба изгледа не е веќе тука сега сѐ што можам е за другите да зборувам сега сѐ што можам е да љубам или да пробувам сепак има крај на сѐ долг е патот подолга е темнината така велеше мојот добар другар убаво на душа не знам дали се согласувам патот до Чучер е прилично долг над куќата во Чучер расте ново сонце над куќите во Лисиче расте ново сонце над куќите во Прилеп расте ново сонце над куќите во Македонија расте ново сонце сепак има крај на сѐ толку е веќе нејќам да зборувам
19.
Два 07:00
го подголтнува срамот, види го нема образ кај да чува сѐ што силно труе пак се чувствува кога зборува, здивот му мириса колку и да проба да скрие колку труло има во неговата душа нешто гние јас знам, го знам тој вкус и аура од далеку изгледа добар од блиску сѐ се гледа, од порите тече црна течност мастило или смрт во боја, храмот му е пола-пола го дели со мене со сета болка свесен е за својта личност знае каде и што го чека лека-полека се движи таму не по избор свој, сѐ чепка секој пат кога ќе се стресе од некоја архаична вистина, непроменлива аксиома вечна веќе му е смачено да мисли на сите други и нивните чувства да ја негира својата потреба да ги чува сите срања в’себе да излива и прелива веќе му е смачено да седи и да ќути како хомогена смеса без никакви човечки атрибути
20.
Тркало 10:00
диши

about

Првиот албум на "Стој, После!"

Се состои од четири делови: доживување/дознавање, сеќавање/истражување, шум шума загуба и псалм.
Вие одлучете кој каде почнува и каде завршува. Мојот начин е само еден.

За времето и за жнеењето, за татко ми и за куќите кои ги изградивме, а и оние кои не.

(првите четири EPs - 22:00, Вода, Јаболко и За оние кои сонуваат будни - компилирани во еден албум, минус една песна плус една песна)

Мадругада е вечниот сон за оние кои сонуваат будни.

[Благодарност до:
Раде Биковски,
Иво Николовски,
Лука Јованоски,
Андреј Димовски,
Виктор Стојановски, Наско Џорлев (млад и стар), мајка ми, Лила Мирчевска, Паркчето Бановина, Danny Nedelko, Ивица Јанкуловски, Иван Петровски, Finger Skate Selective, AVGN, Jontron, Optibotomus, The Brick Show, CN, Minimax, Disney/Pixar, Тарковски, John Dwyer, King Gizz, Slint, Windmill Brixton сцената, Thom Yorke, The Floyd, Talking Heads, Animal Collective, Velvet Underground, Tom Jobim, Richard Galliano, стар дел во парк, Ink Spots, Al Bowlly, Tiny Tim, Anton Ego, Сунѓерот Боб и Малите Ајнштајни и Мики Маус на А1, Пајакот кој живее во мојата гитара, Кртоле и уште милион луѓе, работи, места и татко ми, со кој го напишав овој албум - она што го заборавам се подразбира]

Стој, После!
сега

credits

released March 21, 2022

сите песни компонирани и отсвирени од страна на Мартин Џорлев

освен:
виолини - Зоран Џорлев
сајзер на „Песочен Часовник“ - Иво Николовски
помош при компонирање на „Пајакот“ - Раде Биковски
„тапани“ на кауч и пректис пад на „Два“ - Виктор Стојановски
зборување на крајот на „Тркало“ - Ивица Јанкуловски
стихот и мелодијата „долг е патот, подолга е темнината” од „Ку(к)ќи” - Лука Јованоски (од неговата песна „Триеме”)

клавир на „Песна со Долг Наслов“ - Мартин како дете

гитарска мелодија на хеви делот на „Два“ од песната „Sommarlåten“ од Trad Gras Och Stenar

кум на името „Стој, После!” - Андреј Димовски

микс - Мартин Џорлев
мастер - Раде Биковски

license

all rights reserved

tags

If you like Stoj, Posle!, you may also like: