We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Ш​ш​ш​…​С​в​и​д​а​н​и​ј​а​?

by Stoj, Posle!

supported by
/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.
    Purchasable with gift card

      name your price

     

1.
Влез 01:54
2.
мокро куче се истресе врз тепихот кој го покриваше ѕидот баклавите станаа потемни, а заедно со нив и подот го голтна го распарчи и повторно го создаде со минимални разлики, како бојата на јазикот тој е сега црн како да изело пепел главата му гори запален е неговиот храм баклавите се вртат тркалото се врти
3.
празна соба осамен трон круна без глава неостварен сон сѐ што си ти пола сум јас слика на светот низ твојот глас твојот збор, моја чест ти си кралот на мојата свест мојот дом премина во заборав твојата круна премина во заборав обездахни ми ја душата крале мој
4.
одам по линиите на твојата дланка стигам до твоите раменици кои служат како поткрепа за твојата кадрава коса твоите прамени свиткани нанадвор како лизгалки за парчињата мозок кои течат од твоите уши летаат далеку директно во џебот на некој скитник кога ќе ти кажам здраво дали ќе ме погледнеш? одам надвор гледам многу шетам внатре слушам сешто јадеше портокал сосе љубшпата со твоите тврди заби кога те видов малку ме заболе но сепак продолжив да одам ми пораснаа шкрги и моите стапала станаа мрежести толку долго поминав давејќи се во оние води црвени кои течат надолж моите пршлени заглавен во белката на твоето десно око одам надвор гледам многу шетам внатре слушам сешто во обид за соживот во обид за соживот
5.
чао е тежок збор разговорен чвор повеќе од спор заглавен во место тао, неописливо незамисливо ти си сѐ што напуштам но, не повеќе не повеќе не повеќе сега со тебе јас, со тебе со мене до тебе во тебе фрлив парче небо во канта за ѓубре го видов другар ти и ми рече сега нема место за тебе и мене заедно смрдиме на мрзлива пот и на очај сеедно е дали лежиме в’кревет или на земја или врз отпад паѓаме сепак подлабоко во прдливи полемики во смрдливи напори да сфатиме кои и што сме празни филозофии пишуваме на веќе испишани листови ги туткаме и ги тркаламе нагоре по бесконечни мисловни ридови камо да посветам малку време на себе камо да посветам малку време на тебе не догледувам до врвот но знам дека си таму од таму ми се смееш треба да одам до Свиданија, мека планина пријатно, збогум на дрвата плодовите секогаш се благи и сочни пријатно, збогум и грмушките се шеќерна волна за тебе болна дијабетичар пријатно, збогум и секоја лоза е јаже пријатно, збогум и водата те начукува те обучува да се сакаш себе пријатно, збогум тревиштата те заплеткуваат те успиваат, те прават тивок пријатно, збогум и полјаните се јоргани меки и топли исто како кога беше дете легни, спиј пријатно збогум го памтам градот како низ магла шумата е мојот дом сега таму каде што можам да сум топол со својата голотија сам неодреден осамен
6.
се симнав видов се симнав видов како некој да го пригушил сонцето еден куп кучиња во вецето се симнав видов ја оставив мојата глава в’кревет
7.
спиеш тивко во ноќта спиеш тивко во ноќта шестоаголни врати отворени ширум за зборој на син син, црвен син на син син, црвен син ќе се престорат во пеперутки со колебливи крила светли
8.
скршен поглед праќа изгубен на ладни полјани проба да посегне по плод на гранка високо но залудно скршен состави ме скршен…

about

Вториот албум на "Стој, После!"

Свиданија е домот на моите мисли, местото каде што сум сам.
Каде што се наоѓа сè лошо и убаво, во сирова апстрактна форма.

[Важат истите благодарности од првиот албум, плус:
caroline, Nick Drake, Идоли, Aphex Twin, куќата на Ангелина во Орешани, тепихот за колички во мојата соба, братучед ми Кире, Чучер и куќата на Нецо во Чучер - она што го заборавам се подразбира]

Стој, После!
сега

credits

released August 5, 2022

сите инструменти отсвирени и компонирани од страна на Мартин Џорлев
микс на “Грешна Станица”: Раде
микс и мастер на остатокот на песните: Мартин
кавер слика: Маги

license

all rights reserved

tags

If you like Stoj, Posle!, you may also like: